Божиќ – празник радости
Еден од моите омилени празници е Божиќ, и затоа сакам да знам се за него.
Ке се потрудам да ви раскажам како изгледаат обичаите за време на Божиќ во мојот дом. Божиќ е христијански празник на кој се слави раѓањето на Исус Христос. Денот пред Божиќ се вика Бадник. Името го добил по дрвото бадњак кој тоа утро се сече а вечерта се внесува во домот.
Ние сме едно големо семејство тато, мама, моите двајца браќа близнаци и јас Теодора. За Бадниковата вечера и во мојот дом се пости. Изминатите години ни беше тешко да се откажеме од слатките задоволства, но како изминува времето полека се навикнуваме пред најубавите големи христијански празници да постиме. Секое утро кога ке станеме ние се молиме на господ за нашето семејство и за сите луѓе ширум светот да се здрави и живи, па потоа секој со својата обврска во текот на денот.
Тато и моите двајца полеми браќа одат во блиската шума да донесат Бадњак, мама и јас го чистиме дворот и куќата, тој ден го спремаме најубавото посно јадење. Навечер кога ке падне мракот тато со близнаците го внесува Бадниковото дрвце и сламата. Тој влегува со десната нога преку прагот и не поздравува со зборовите „Добра вечер Бадникова вечер!“ Сламата се растура низ целиот дом, таа ја симболизира сламата во пештерата каде што Исус се родил.
Тато и мама ни кажуваат дека на Бадниковата вечера треба едни на други да си простиме, да се почитуваме, да не се караме со никого, зошто каква ке биде Бадниковата вечера таква ќе е целата година.
Таа вечер се кади целиот дом, се спрема свеќата и се приоѓа на Бадниковата вечера. Сите сме собрани околу масата, има од се по малку, најбитен е лебот внатре со паричка, се верува дека кому ке се падне паричката тој во текот на целата година ќе биде среќен. Тато се прекрстува три пати но и ние по него, ќе ја запали свеќата и потоа почнува нашата заедничка молитва, подоцна сите заедно вечераме во мир и хармонија и го исчекуваме Христовото раѓање…
Рано наутро мама ке не разбуди сите, ке се облечеме во најубавата облека и одиме до најблискиот храм на света Божиќна литургија. Тој ден 7-ми Јануар е најрадосниот за сите нас христијани бидејќи го симболизира доаѓањето на синот Божји на земјата. Тоа утро се поздравуваме со зборовите „Христос се роди Вистина се роди!“
На Божиќниот ден во нашиот дом има свечена трпеза на неа има се до највкусни колачи.Тука се и подароците кои си ги подаруваме едни на други. Тато кажува дека Божиќната трпеза треба да се помине во хармонична атмосвера и да бидеме сите заедно сплотени и дека само на тој начин ќе можеме да го победиме секое зло и невоља што ќе ни дојде во текот на годината. Затоа го сакам Божиќ бидејки е празник на љубовта и го сплотува семејството. Мојата единствена желба оваа година беше да никој небиде сам за Божиќ туку со своето семејство бидејќи е тоа најголемата среќа и радост.
За Шести таблин међународни божићни конкурс
Теодора Гијевска, 11 год. ОУ „Наум Наумовски – Борче“ Скопје, Северна Македонија
Ментор: Оливера Филиповска
Похвала на Шестом таблином међународном божићном конкурсу у категорији литерарни радови средњи узраст