ЛитерарноСтваралаштво

Андреј Стојанов – БОЖИЌНА ПЕСНА

БОЖИЌНА ПЕСНА

В студен јануарски ден
чудо се случи во Витлеем,
насекаде се рашири свечен глас,
Синот Божји е дојден за спас.

Безгрешната Марија на свет го донесе
за сето зло од земјава да го однесе,
Исус Христос, Спасителот се роди
по светол пат низ животот да нè води.

Црковен ѕвон еве се слуша,
радоста расте во секоја душа,
Христовото раѓање се јави,
празник над празниците се слави.

Божиќ е ден христијански, свет,
за секое семејство блаженство, лек,
Божиќ ги отвора прозорците кон светлината,
празник е на љубовта, надежта и добрината.

За Четврти таблин божићни конкурс
Андреј Стојанов, V-5, ООУ „Ванчо Прке“ Штип, Северна Македонија
Ментор: Јованка Кокошкарова
Друго место на Четвртом таблином божићном конкурсу у категорији литерарни радови средњи узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com