Утрото се буди со мирис на козињак,
сонцето ја гали старата стреа,
на чардакот се слуша детска смеа,
додека првиот зрак низ прозорец влева.
На масата кошничка, од љубов сплетена,
со јајца црвени како рана зора,
првото е заштитник – Божја поткрепа,
да ја чува куќата, од поле до гора.
„Христос Воскресе!“ – низ селото ечи,
камбани пеат со небесен глас,
секоја мака со радост се лечи,
Велигден дојде, донесе спас.
Чукни се, сине, со јајцето здраво,
за здравје, за среќа, за бериќет нов,
денес е празникот на вистината,
денес е денот на вечен благослов.
Христос воскресе, радост донесе
и светлина силна над светот,
со љубов срцата ги понесе,
со надеж нова во животот.
Ѕвонат камбани, песна се крева,
се слуша поздрав насекаде:
„Христос воскресе!“ – глас одекнува,
радост во секое срце набрекнува.
Се кршат јајца, смеа се шири,
се собира семејство цело,
во домот мирот тивко вири,
во душата игра, срце весело.
Нека ни трае оваа светлина,
во секој ден и секој час,
со вера цврста и добрина –
нека воскресне љубовта во нас.
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Ања Бабуновска, 8/2, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Друго место за најбољу васкршњу песму у трећој категорији


