БОЖИЌ – РАДОСТ НИ НОСИ
Пред Божиќ секогаш е Бадник,
посна трпеза се спрема,
лепче со париче се пече,
и еднакво за сите се сече.
Паричката радосно ја бараме,
кој ќе ја најде
најсреќен ќе биде
во годината Нова што ни иде.
Божиќно утро дојде,
се слави во сите домови.
Божиќ врата да ни злати,
секогаш среќа да не прати.
Божиќната свеќа
со целата сила нека блесне,
на овој свет ништо поубаво нема
од нашата света Христијанска вера.
Поубав празник од денешниов нема,
кој е верник за Божиќ се спрема
срцата наши љубов нека ги води,
МИР БОЖЈИ ХРИСТОС СЕ РОДИ!
За Осми таблин међународни божићни конкурс
Бонита Шолева, VII-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Република северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова
Друго место у категорији литерарни радови старији узраст