ЛитерарноСтваралаштвоШампион

Бонита Шолева – Христое Воскресе, радост донесе

Сите го чекаме големиот празник,
големото воскресение,
тој убав ден кој насекаде се слави,
ВЕЛИГДЕН!

Утрото рано, на Велики четврток,
црвени јајца се вапцуваат,
црвената боја- крвта божја ја означуваат.

Велики петок, ден голем и важен,
Исус е измачуван и распнат-
за нас, овој ден е многу тажен.

Велика сабота,
сите по домовите подготовки прават,
овој празник за да го слават.
Мирис на топли погачи низ куќите се шири,
од секоја кошница вапцано јајце вири,
секоја боја нова приказна нуди,
кај секој човек различна емоција буди.

Во саботната полноќна вечер,
кога на часовникот стрелките ќе се склопат,
солзите радосници, лица ни топат.
Камбаните весело бијат,
Христовото воскреснување го најавуваат.
Нивниот звук е химна на светлината,
што ги надминува границите на времето и тишината.
Народот во црквите се собира со запалена свеќа
и црвено јајце во рака,
ја прославува победата над Христовата мака.
Недела е светол ден, голем празник, ВЕЛИГДЕН!
Сите со радост го славиме,
во црква одиме, адетот да го направиме,
Христовото воскресение да го прославиме.

Христос Воскресна – Навистина Воскресна!
Овој празник многу го сакам,
нов живот се раѓа,
одам брзо да проверам
кога нареден Велигден се паѓа.

Христос воскресе – радост донесе,
празник на надежта, во нас да остане.
Нека се слави неговото воскресение,
нека е ден за вечна љубов и спасение!

За Четврти таблин међународни васкршњи конкурс
Бонита Шолева, VII-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Прво место у категорији литерарни радови старији узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com