Ѕвонат камбани рано в зори,
се буди светот во светол ден,
во секој дом надежта гори –
Велигден дојде, благословен.
Црвено јајце мајка бојадиса,
симбол на живот и почеток нов,
на тивка молитва домот мириса,
со вера што трае без престанок.
„Христос воскресе!“ – глас се слуша,
„Навистина воскресе!“ – се слуша екот,
се радува срце, се радува душа,
празник светол, празник на векот.
Се кршат јајца со смеа жива,
се дели љубов околу трпеза,
во секој поглед радост се слева,
со секој збор топлина се влева.
Се собира семејство цело,
се простува сè што болка било,
во срце никнува нешто смело –
како цвеќе што пролетта го скрило.
Нека ни трае оваа светлина,
не само денес, туку цела година,
со вера, мир и благодарност тивка –
Велигден да го славиме во својата родина.
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Бонита Шолева, 8/1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Треће место за најбољу васкршњу песму у трећој категорији


