Христос воскресе, радост донесе
Велигден- ден голем е!
Секоја година во пролет
три дена се слави,
на првиот ден, во недела,
секој дома свечен ручек прави.
Мама на Велики четврток
фарба јајца во различни бои,
ама, да ви кажам вака,
црвеното јајце
најмногу го сакам.
На овој голем ден
секој велигденско јајце добива,
а јајцето симбол на живот значи,
насмевки и радост насекаде зрачи.
Целиот народ во црква се собира,
сите го чекаат големиот празник,
Христовото воскресение,
тој голем убав ден,
насекаде се слави-ВЕЛИГДЕН !
Велиген- ден голем е!
Насекаде се слуша
христијански поздрав весел:
– Христос воскресе!
– Навистина воскресе!
Празник одбележан со многу радост,
се молиме за здравје и мир,
Христос воскресна
спасител наш си ти!
За Трећи таблин међународни васкршњи конкурс
Бонита Шолева, VI-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Треће место на Трећем таблином међународном конкурсу у категорији литерарни радови средњи узраст