Посни колачиња, за Бадник мама прави,
баба ќе ни посака да сме живи и здрави.
Тато ќе ја донесе големата елка,
дедо ене, веќе, ново дрво делка.
Вујче ќе запали пред иконата свеќа,
вујна ќе ни донесе подароци, една вреќа.
Сестра ми, облечена ко икона модна,
ќе посака годината да е среќна и плодна.
Помалото братче повеќе да слуша,
па ќе го изгушка силно, од срце и душа.
Потоа ќе ја отвори вратата, со насмевка широка,
да влезе благословот и во нашата куќа.
Утре Божиќ заедно, сите ќе го славиме,
како што нè учат постарите, така ќе правиме.
Од срце и душа љубов ќе дариме,
со песна и радост,
Христовото раѓање ќе го прославиме.
Светилки ќе блеснат, свеќи ќе запалиме,
со топли зборови едни со други ќе се поздравиме.
Дарови мали, но од срце ќе подариме,
спомени трајни во сеќавање ќе оставиме.
Децата со радост, божиќни песни ќе пеат,
старите со мудрост ќе нè благословат и ќе се смеат.
Трапезата богата ќе нè зближи сите,
со мир и љубов ќе ги исполниме дните.
За Девети таблин међународни божићни конкурс
Бонита Шолева, VIII/1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Република Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Друго место у категорији старији узраст


