ЛитерарноСтваралаштво

Дамјан Стефанов – Божиќна радост

Божиќна радост

На полноќ Витлеемската ѕвезда штом светне,
сите срца во ангелски хор нека речат:
“Христос се роди! Навистина се роди!“,
а црковните ѕвона силно нека ечат.

Црковните камбани силно нека бијат
за Рождеството на Спасителот кој се роди,
се’ што дише Христос нека го слави
Витлеемската светлина низ животот да не води.

Божиќна радост нека го исполни секој дом,
да пееме и да се радуваме сите,
благословот Божји на нас нека слезе
во здравје и спокој да ни минуваат дните.

За Пети таблин божићни конкурс
Дамјан Стефанов, VI-3, Oсновно училиште “Лазо Ангеловски” Скопје, Северна Македонија
Meнтор: Лидија Божиноска
Похвала у категорији литерарни радови средњи узраст