Давид Стојчевски: Божиќ – празникот на радоста
Прекрасно јануарско утро
од планините излегоа сончевите два, три зрака
на денешен ден
помлад на постар бакнува рака.
Божиќ ни доаѓа –
празник голем се слави,
Божиќ го празнуваат
возрасни и деца мали.
Сите се радуваат
радост навира од домовите,
весели ѕвона се слушаат
од храмовите.
Не е важно
каква трпеза се
спрема и прави,
најважно од сè e
сите да сме на број,
весели, живи и здрави.
Почитта кон Бога
ние преку цела година ја искажуваме,
затоа сите бакнежи, љубов, прегратки,
секојдневно треба да си даруваме.
За Шести таблин међународни божићни конкурс
Давид Стојчевски, VII-5, ООУ „Христо Узунов“ Охрид, Северна Македонија
Наставник/ментор: Христина Стојаноска
Треће место на Шестом таблином међународном божићном конкурсу у категорији литерарни радови старији узраст