ЛитерарноСтваралаштво

Ева Анастасовска – Христос воскресе, радост донесе

Зимата ни пројде,
и Велигден ни дојде.
На овој ден деца мили
сите да започнеме со нови сили.

За литургија и молитва секој се спрема,
Без верба во Бога спокој и мир нема.
Христовото Восхресение сите да го славиме,
На Христијански и достоинствен начин да се молиме.

Сите добри дела да правиме.
Нашите разлики на страна да ги оставиме.
Секој ден во среќа ќе пројде,
и со радост го чекам новиот што ќе ни дојде.

На Велигден топлина зрачи од сите страни,
кога сите во цркви и манастири се збрани.
Сакам ноќта подолго да трае,
но убавото време брзо лета.
А а добрината и вербата во сите нас да шета.

Сите да се потрудиме да бидаме бореци,
на своите соништа творци.
Празниците да си ги дочекаме со роднините, мама и тато.
Кои за нас вредаат непроценливо злато.

За Четврти таблин међународни васкршњи конкурс
Ева Анастасовска, VII-a, ООУ ”Кирил Пејчиновиќ” Кисела Вода, Скопје, Северна Македонија
Ментор: Александра Ѓуровска.
Треће место у категорији литерарни радови старији узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com