ЛитерарноСтваралаштво

Ева Анастасовска: Раѓање Христово – празник радости

Раѓање Христово – празник радости

Како што Бадниковиот оган се ложи,
во вашиот дом среќа нека се множи.
Денес е коледе,утре е Божиќ пееја сите деца
Најавувајки го Христовото Раѓање.

Бадник богата посна трпеза се спрема,
се подготвува погача со париче, се дели.
За здравије, за среќа на сите во куќа.
Среќниот добитник кај кој паричето ќе се најде ,
се верува дека цела година ќе има среќа.

Треба да се помолиме уште во рани светли зори.
Каде ќе се заблагодариме на Бога што постоиме.
Боже дарувај сплотеност, молитвата нека не храни,
кога пред нас ќе се исправат рани.

Во Витлеем на 7 јануари доцна во ноќта,во јаслите од овчарската пештера,
Мајка Богородица Синот Божи го роди, светот го препороди.
Благодатната вест за раѓањето на Син Божји, спасител на светот
сите православни христијани на Божиќ го славиме.

Божиќ вратата да ви ја злати секогаш среќа нека ве прати.
Ангели срце кон љубов нека ве води,
мир Божија Христос се роди.
Сите празници се значајни,почит и внимани барат
од љуѓето лични од љуѓето обични.

Сите да отидеме во божјот храм ,со благослов ќе се молиме.
И ќе се велелиме на рагањето Христово.
Ова свето место како магнет ме влече.
После пробоведите и молитвите на свештеникот мене
денот во радост и веселба ми тече.

Исус Христе заштитнику мој, ти благодарам со целата душа.
Што неуморно ги слушаш молитвите мои, те молам сите љуѓе
да ги даруваш со добри мисли и љубов мегу нив.
Да завладе рај во светот. Да ги снема сите болести,
војни да нема да царува здравје и слога.
Да сме сите благословени од бога.

Денес е убав ден, тивок јануарски ден.
Весел ден, радосен.
Христос има роденден.
Христос се роди – Навистина се роди…

За Осми таблин међународни божићни конкурс
Ева Анастасовска, 7a, ООУ ”Кирил Пејчиновиќ“ Кисела Вода Скопје, Северна Македонија
Ментор:Александра Ѓуровска
Похвала у категорији литерарни радови старији узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com