ЛитерарноСтваралаштво

Ева Атанасовска: Раѓање Христово-празник радости

Витлеемска пештера мала,
Вечна светлина ни дала.
Спасителот наш, Исус Христос се роди,
Христијанскиот народ се препороди.

Нека оваа ноќ ни донесе сила,
душата кон доброто да зрачи милина.
Христовото раѓање не чува и брани,
Со благодат што векови човештвото го храни.

Благослови ја, Господи, оваа трпеза,
Секое јадење што е поставено на неа,
И сите што седиме околу неа во слога.
Со мир, здравје и со Божја помош од Бога.

Посна трпеза со почит поставена,
Нека биде, Господи, од тебе благословена.
Лепче кршиме – симбол на слога,
Да не чува мудроста твоја, вечна и строга.

Семејства собрани, рамо до рамо,
Секој со радост го споделува своето време мало.
Смеата тивко низ домот се шири,
Како ангел над нив светлината ја мири.

Надвор снегулки го красат дворот,
Како благослов од небесниот Господ.
Секоја снежинка тивко кажува:
„Христос се роди – Вистина се роди!“

На Божиќно утро камбаните бијат,
Во срцата наши тајни се кријат.
Во секој човек љубов се буди,
Мир Божји меѓу сите луѓе да се разбуди.

Христос се роди – Вистина се роди!
Нека добрината и светлината засветат,
И секој човек со вера и надеж да крепат.
Христовиот народ нека се радува,
И во срцето Божјата љубов нека останува.

За Девети таблин међународни божићни конкурс
Ева Атанасовска, 8 а, ООУ ”Кирил Пејчиновиќ” Кисела Вода, Скопје, Севрна Македонија
Ментор: Александра Ѓуровска
Похвала у старијој категорији

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com