Полноќ е тивка, а градот се буди,
пред храмот свечен – народ се лее,
секој со свеќа во рацете студени,
чека во мракот, светлина да грее.
„Дојдете, примете светлост!“ – се слуша,
пламенот патува од рака во рака,
мир се вселува во секоја душа,
исчезнува болка, запира мака.
Татко се крсти со поглед кон сводот,
мајката тивко за здравје се моли,
за куќата, за децата, за домот,
со љубов лечи, душа што боли.
Дома нè чека трпеза полна,
со јајце црвено – крвта на Спасот,
се крши лебот, радост се шири,
во еден глас се слави часот.
Околу софрата, семејство збрано,
стари и млади, со насмев на лик:
„Христос воскресе!“,
во еден глас, одекнува нашиот вик.
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Исидора Николовска, 8/2, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Похвала за васкршњу песму у трећој категорији


