Ангел Господов од небото се јави,
на пастирите, радосната вест им ја најави:
– Се роди Синот Божји што сите ќе ве спаси,
се роди спасителот Христос, во пештерските јасли!
Три мудреци од исток пристигнаа,
со дарови од злато, ливан и смирна,
раѓањето Христово го најавија, во ноќта мирна.
Дарови на Синот Божји му дарија,
раѓањето Христово го прославија.
И небо и земја се радува,
со Божја љубов, народот го дарува.
Ангелски хор милно пее на небесниот свод,
се раѓа надеж нова, се роди Божјиот плод.
Светлина тивка блеска, во срце мир се слева,
во секој дом, љубов и радост влева.
Од секоја страна на светот се слави,
народот со радост се преплави,
Господ спас ни дарува,
спокој и мир, во срцата нека царува!
Овој ден обичен не е,
Божјата светлина секого го грее,
зашто денес Христос се роди,
со љубов и вера во него,
Христијаните да ги води.
Радоста на овој ден низ светот нека се шири,
сите тажни души нека ги смири,
во секое срце љубов нека цвета,
честит празник, на многаја лета!
За Девети таблин међународни божићни конкурс
Исидора Николовска, VIII/2, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Похвала у старијој категорији


