Доаѓа убав ден, голем ден,
камбаните бијат- доаѓа Велигден.
Го чекаме со срце, со радост, со душа,
велигденска песна секаде се слуша.
На Велигден различни јадења се прават,
сите маки да се заборават.
Се фарбаат јајца во секакви бои,
ќе се кршиме на Велигден, другарчиња мои.
Секој со секого се поздравува,
секое христијанско семејство,
Велигден го прославува.
Со душа го чекаме овој голем ден,
секој кај нас е добредојден.
Христос воскресе, радост донесе!
Велигден е празник пролетен и цветен,
радост тој му носи на секое дете.
Четврти таблин међународни васкршњи конкурс
Ивона Николовска, VII-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Друго место у категорији литерарни радови старији узраст