Утринска зора нежно го гушка
заспаниот свет со златен сјај,
тишина блага на уво ни шушка:
„Христос Воскресе“ – радост без крај.
Камбаните бијат го параат сводот,
ѕвонот им патува низ рид и долина,
го слават денес на животот плодот,
во секој дом се влева небесна топлина.
Црвени јајца – симбол на крвта,
на новиот живот што ја победи смртта,
како оган мал што во дланки ни сјае,
дека животот е вечен, секој сега знае.
На трпезата полна со љубов и мир
целото семејство среќно се збрало,
со споени раце и молитва света
благослов Божји на сите ни се дало.
Во секоја душа се буди вера,
на љубовта Божја и нема мера.
Надежта како ѕвезда во нас нека сјае,
патот кон вечноста сега секој го знае.
Нека овој пламен вечно во нас гори,
за добрина секој со секого нека збори,
Христос Воскресе – радост донесе,
светлина вечна во душите ни внесе.
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Матеа Јовановска, 8/1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Похвала за васкршњу песму у трећој категорији


