Треперат срца на Бадникова вечер,
на трпеза посна паричката се крие,
детските очи ко сјајни ѕвезди сјаат,
радост и љубов во домот, вечно нека траат.
Ѕвезди сјајни на небото темно,
блескаат силно со посебен сјај,
благослов тивок над светот се спушти,
во студената ноќ, се роди Синот Божји.
Ѕвона се разлеаја, веста се шири,
радосен глас насекаде се лее,
Божиќ, празник на љубов и спокој,
со топлина и милост сите нас нè грее.
Се подарува насмевка, се подава рака,
Христовата љубов напред нè води,
се полни домот со светлината божја,
среќа и спокој во секој од нас се роди.
Христовото раѓање е празник на радоста,
од секаде весел поздрав се слуша,
со среќа и здравје, со добра волја,
нека се исполни сечија душа.
За Девети таблин међународни конкурс за најлепшу божићну песму
Матеа Јовановска, VIII-1, ООУ „Васил Главинов“ – Велес, Република Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова


