Божиќ празник на радост
Пред Божиќ е Бадник,
на Бадник лепче се пече,
паричка се става,
и еднакво се сече.
Кој ќе ја најде
најсреќен ќе биде,
така викаат постарите,
во годината што ни иде.
Божиќ е голем празник,
богата трпеза се прави,
на тој голем ден
раѓањето Христово се слави.
Божиќ мир ни носи,
желба по желба
среќа и радост
и мир Божји-Христос се роди!
За Пети таблин божићни конкурс
МИХАЕЛА ШОЛЕВА, VIII-2, ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ВЕЛЕС, РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МЕНТОР: КОСТАДИНКА АТАНАСОВА
Похвала у категорији литерарни радови старији узраст