ЛитерарноСтваралаштво

Симона Миланова – Христос васкресе, радост донесе

Христос васкресе, радост донесе

Кога пролетно сонце, лице ни грее,
кога славејот весела песна пее,
кога весел детски џагор се слуша,
празнуваме празник од срце и од душа.

Се радуваме – животот го славиме,
велигденските јајца со боја ги правиме
за среќа и здравје , на овој голем ден,
радост на сите да ни донесе Велигден.

Секој секому насмевка подарува,
спокој и мир, во сечие срце да царува.
Христовото воскресение носи радост,
на овој празник за живот и младост.

Црковни ѕвона празнично повикуваат,
со насмевка на лицата, луѓето довикуваат,
се поздравуваат, зашто радост донесе,
Живот славиме – Христос воскресе !

За Трећи таблин међународни васкршњи конкурс
Симона Миланова, VI-1, ООУ„Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова Ташова
Друго место на Трећем таблином међународном конкурсу у категорији литерарни радови средњи узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com