Во тишината на Гетсиманија, под сенката стара,
еден бакнеж лажен, тешка судбина отвара,
триесет сребреници во рака Јудина ѕвонат,
додека грешните мисли кон предавство го гонат.
Низ тесните сокаци на Ерусалим стар,
еден бакнеж стана на пеколот дар.
Јуда, со сребро во раката што тежи,
во мрежа од предавство самиот се мрежи.
Во Гетсиманија, под маслинови гранки,
Јуда со бакнеж ја продаде својата чест,
триесет сребреници — горчливи и танки,
ја најавија најтешката, крвава вест.
Предавство во ноќта, кога светот спие,
злото во срцето на пријател се крие.
Под небото тешко, оловно и сиво,
Ерусалим трепери од неправда и страв,
на Голгота ридот, каде сè е диво,
се крева Крстот врз карпи и прав.
Круна од трње врз челото свето,
ја пече душата на Човекот-Бог,
се исполни Божјата волја,
пред очите на светот, пред судот строг.
Железни клинци на дланките нежни,
што лечеа слепи и делеа леб,
сега се врзани во маки неизбежни,
додека толпата гледа со поглед слеп.
„Боже, зошто не остави?“ – ечи крик низ вселената,
додека крвта како извор тече,
ја плаќа Тој цената,
да нè искупи од гревот, оваа вечер.
На Велики Петок, небото потемне од јад,
Ерусалим виде распнување и крв,
Марија под крстот, во болка и глад,
го гледаше Синот, меѓу грешните — Прв.
Марија плаче, со болка во градите,
гледајќи го Синот во смртна мака,
но во тој миг, низ болките и јадот,
Господ ја подаде својата рака.
Пред гробот ладен, во мугрите сиви,
Марија стои, со солзи тешки.
„Каде го однесовте?“ – прашува низ крик,
барајќи го во темнината Неговиот лик.
Но ангел со крилја од небесен сјај,
и вели: „Не плачи, на смртта е крај!“
Каменот тежок веќе не го притиска сводот,
Воскресна Спасителот, го искупи родот!
Ерусалим трепери од радосната вест,
од гробот излезе Животот, во сета своја чест.
Марија прва го виде сонцето ново,
дека вистинито беше секое Негово слово.
Христос воскресе!
Празен е гробот веќе!
Ерусалим одекнува од радосната вест,
славиме победа над смртта –
славиме вечна љубов и чест!
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Симона Миланова, 8/1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Похвала за васкршњу песму у трећој категорији


