ЛитерарноСтваралаштво

Симона Миланова – Христос воскресе, радост донесе

Христос воскресе – радост донесе,
во светот нова светлина се јави,
бидејќи животот ја победи смртта,
срцата се радуваат, душата слави.

Свето велигденско јајце домот го краси,
секој од тага и од мака да го спаси,
да донесе здравје и среќа на овој голем ден,
радост да ни го исполни домот за Велигден .

Црковни ѕвона празнично повикуваат,
со насмевка на лицата, луѓето довикуваат,
за Христовото воскресение кое носи радост,
на овој светол празник за живот и младост.

Децата безгрижно се насмевнуваат,
возрасните весело наздравуваат,
сите слават за радоста што ја донесе,
со празничен поздрав: „Христос воскресе!“

За Четврти таблин међународни васкршњи конкурс
Симона Миланова, VII-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Друго место у категорији литерарни радови старији узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com