ЛитерарноСтваралаштво

Симона Миланова: Раѓање Христово- празник радости!

Раѓање Христово- празник радости!

Во ноќта тивка, светлина блесна,
тука на земјата Исус се роди,
со љубов и вера во него,
христијаните да ги води.

Во пештера мала, Исус лежи,
нежна рака мајчина го милува,
хор небесен од ангели пее,
светот се радува,
раѓањето Христово го прославува.

Пастирите по полињата се радуваат,
ангели пеат, слават, прославуваат,
„Слава на Бога!“- од сите страни се слуша,
Христос се раѓа, светот го пречекува со душа.

Во Божиќно утро светло,
срцата радосно пеат,
ѕвезда од небо се спушта,
со мир и љубов го обвива светот.

На Божиќно утро, срцата се отвараат,
мир и љубов низ светот патуваат,
го славиме Христос,
неговото раѓање ни донесе спас.

Светлината блеска на секој ќош,
семејства заедно се собираат,
со молитви и благодарност,
за дарот што Бог ни го даде, се радуваат.

Христос се роди, Божји дар,
светлина што води низ темнината,
во срцата надеж се разгорува,
секој христијанин за раѓањето Христово зборува.

Мир и радост, љубов без крај,
со раѓањето на Спасител
Бог на светот му подари љубов,
му подари радост, му подари сјај.

Спасителу наш,
ти си светлината што не’ води,
ти си надежта која не не’ напушта,
на овој ден- Божиќ славиме,
љубовта твоја нека ни биде вечна!

За Осми таблин међународни божићни конкурс
Симона Миланова, VII-1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова
Треће место у категорији литерарни радови старији узраст

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com