Додека Новата година, први часови одбројува,
празничната Божиќна магија, сите нè спојува.
Божиќ со радост се дочекува,
здравје, среќа и убавини, секој од нас очекува.
Со нови надежи во празничните дни,
да си посакаме да ни се остварат сите сни.
Божиќната магија секој дом да го грее,
во својот топол дом, секој од срце да се смее.
Сјајот на светилките, радост да дари,
мирисот на трпезата спокој да подари.
Божиќни песни весело да се пеат,
сите членови од семејството да се смеат.
Божиќна магија во секој дом да блика,
за мене тоа е најубава празнична слика.
Мали подароци со насмевка ќе си подариме,
со љубов и мир, Христовото раѓање ќе го прославиме!
За Девети таблин међународни божићни конкурс
Симона Миланова, VIII/1, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова
Похвала у старијој категорији


