Раѓањето Христово – празник на радоста
Една ѕвезда силно светна
во таа тивка јануарска ноќ,
синот Божји се роди,
се роди Христос за да не’ води.
Се роди Христос за да не’ спаси,
да донесе надеж во срцата наши,
во мир и спокој ние да живееме
и само солзи радосници да лееме.
Христос не’ учи во љубов да веруваме,
едни со други да се чуваме,
да се сакаме и почитуваме
и со верба да му се поклонуваме.
За осми таблин међународни божићни конкурс
Стефани Пановска, VII-1, ООУ „Васил Главинов” Велес, Северна Македонија
Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова
Похвала у категорији литерарни радови старији узраст