ЛитерарноСтваралаштво

Тео Илијев – БОЖИЌ

БОЖИЌ

Тивка јануарска ноќ е,
ѕвезда божиќна на небото свети,
на секого љубов и мир подарува,
Христовото раѓање го најавува.

Коледарска песна секого буди
во утринска зора, рано,
навечер пак на бадникова трпеза
целото семејство е збрано.

Голем христијански празник,
три дена народот слави,
со божиќно гранче в рака,
мир и среќа секој ќе посака.

Сите христијани се радуваат,
раѓањето Христово го празнуваат!

За Четврти таблин божићни конкурс
Тео Илијев, VI-1, ООУ ”Славејко Арсов” Штип, Северна Македонија
Ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова
Треће место на Четвртом таблином божићном конкурсу у категорији литерарни радови средњи узраст
WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com