Бели јајца мама вари
па ги бои, па ги шари.
Во кошничка ги реди пак,
како ѕвезди во ноќен мрак.
Јас со четка боја ставам
шарки светли им оставам.
За баба, тато и за мама
радост да има на секоја страна.
Ѕвонат ѕвона, светол ден
пристигна нашиот Велигден.
Смев и песна двор да исполнат,
срца топли радост ќе спомнат.
Нека има мир и здравје
во секое наше славје.
Со љубов да свети ден —
Христос воскресе, сега е Велигден!
За Пети таблин међународни конкурс за најлепшу васкршњу песму
Тифани Михајловска, 9/3, ООУ „Васил Главинов“ Велес, Северна Македонија
Ментор: Елена Гуновскa;
Похвала за васкршњу песму у трећој категорији


